Martin Kostovski
Трибина “Македонија понижена-Една година Влада на Дпмне”
Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите.
▫️По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока – туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани.
💬 Денес, по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, вистината е болна, но мора јасно и недвосмислено да се каже: Македонија не е горда – Македонија е понижена.
Понижени се работниците, понижени се земјоделците, понижени се младите кои се надеваат на својата иднина дома. Една година беше повеќе од доволно време да видиме дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага. И денес, една година подоцна, граѓаните тоа јасно го гледаат и го зборуваат.
💬 Вистината е болна. А вистината е дека добивме Влада иста каква што граѓаните со револуција ја сменија. Влада која работи за себе и за оние околу себе, а граѓаните ги остава сами. Влада која манипулира и ги лаже дека живеат добро, додека реалноста е тешка и неподнослива.
▫️Добивме Влада која за една година ги заборави луѓето. Покажа бесчувствителност, ароганција и целосна негрижа за оние на кои треба да им служи. И конечно, добивме Влада која се заканува на послабите, која ги притиска медиумите и која прави брутална партизација на секоја пора од општеството.
